
Кога ќе го погледнам, повеќе го гледам лицето на млад студент отколку на политичар оптоварен со обврски, што ја прави оваа историска личност уште поинтересна, истакна Morales.
Речиси и нема човек кој не слушнал за Tutankhamun, египетскиот фараон кој дошол на тронот како момче и умрел многу млад. Со години, приказната за неговата смрт и живот ја скокоткала фантазијата на научниците. Но, како навистина изгледал Tutankhamun, можеле само да си замислуваат.
Познатата златна маска на смртта, иако давала навестување како би можел да изгледа во животот, сепак е само уметнички израз. Но, благодарение на група меѓународни научници и на еден бразилски графички дизајнер кој се занимава со реконструкција на лица, конечно можеме да видиме како изгледал еден од најпознатите фараони во моментот на неговата смрт. Нивната научна работа е објавена на Research Gate.
Користејќи дигитален модел на мумифициран череп и цела палета на 3Д алатки, Cicero Morales им вдахнал живот на нежните црти на лицето на овој млад човек кој починал пред повеќе од 3.300 години.
Кога ќе го погледнам, како да гледам лице на млад студент отколку на политичар оптоварен со обврски, што ја прави оваа историска личност уште поинтересна, истакна Morales.
Неговата работа е особено важна затоа што, поради строгите египетски закони, научниците не можеле директно да го скенираат черепот на младиот фараон, туку користеле претходни фотографии, скенови и мерења.

Со податоците за пропорциите и некои клучни мерења на главата, било можно да се прилагоди дигиталниот череп на черепот на Тутанкамон, истакна Morales, додавајќи дека е неопходно да се процени големината на усните, положбата на очите и висината на на кои се наоѓаат ушите.
Ова не е прв пат научниците да се обидат да го рекреираат изгледот на младиот фараон. Група француски научници го направиле тоа во 2005 година. Невозможно е да не се забележи сличноста меѓу овие две реконструкции на изгледот на Tutankhamun. Ова ги потврдуваат и старите записи за тоа како тој всушност изгледал.
Моралес е убеден дека добро ја завршиле работата.

Да потсетиме дека гробницата на Tutankhamun ја открил британскиот археолог и египтолог Howard Carter во 1922 година. Тоа е една од најдобро сочуваните и најбогатите гробници пронајдени при ископувањата, а јавноста ја привлече и фактот што таму е пронајден и младиот фараон. На Carter и неговиот тим им било потребно 10 години да ја истражат гробницата и неколкуте предмети пронајдени во неа.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















