Астрономите длабоко во вселената ја забележале до сега најголемата космичка експлозија позната на науката | Видео

958
Илустрација на ѕвезда која е вшмукана во црна дупка - само една теорија за тоа што ја предизвикало најголемата експлозија.

Астрономите успеале да снимат до сега невидена експлозија, длабоко во вселената.

Далеку од Земјата и длабоко во вселената, се чини дека супермасивна црна дупка голта огромен облак од гас, создавајќи неверојатна експлозија каква што научниците досега не виделе. Досега оваа експлозија ослободила околу 100 пати повеќе енергија од вкупната енергија што ќе ја ослободи Сонцето во текот на целиот свој живот, а научниците велат дека овој невиден спектакл се уште трае.

Овој џиновски пекол, наречен AT20211wx, за прв пат е забележан во 2020 година од опсерваторијата Zwicky Transient Facility во Калифорнија. Philip Wiseman од University of Southampton in Great Britain и неговите колеги оттогаш направиле серија последователни набљудувања од други опсерватории, а студија поврзана со овие набљудувања е објавена во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society.

Гледаме различни големи експлозии и блесоци во вселената, но ништо блиску до она што го гледаме овде, истакнува Wiseman.

Единствените космички објекти посветли од AT20211wx се квазарите, кои се формираат со континуиран проток на гас во супермасивна црна дупка. Но, експлозијата на AT20211wx, која се осветли за повеќе од 15 пати во текот на околу четири месеци, а потоа почнала постојано да бледне, всушност сè уште трае. Се чини дека научните набљудувања укажуваат на супермасивна црна дупка која проголта огромен облак од гас, веројатно 100 пати поголем од Сончевиот систем или дури и поголем.

Овие набљудувања може да помогнат да се објасни зошто некои релативно мали галаксии содржат големи црни дупки.

Мислевме дека ги знаеме главните начини на кои растат црните дупки, но се чини дека тие всушност можат да растат на поинаков начин отколку што мислевме, со насилни, експлозивни епизоди на раст, вели Wiseman.

Понатамошната анализа на AT20211wx може да помогне да се разјасни точно како функционира тој процес, како и како црните дупки се однесуваат воопшто.

„Бидејќи е толку голем, светол и долговечен, ни овозможува добро да ја погледнеме внатрешната работа на она што се случува кога материјалот паѓа во црна дупка“, заклучува Wiseman.

Бонус видео

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.