Истражувањата покажаа што придонесува за спречување на деменција во староста

1687

Лекарите тврдат дека умереното користење на интернетот во староста може да ги задржи когнитивните функции и да помогне да се спречи развојот на деменција.

Резултатите од истражувањето на научниците од New York University објавени се во Journal of the American Geriatrics Society.

Тие откриле дека редовната употреба на Интернет е поврзана со приближно половина од ризикот од развој на деменција во споредба со спорадичната употреба.

Врската постои без разлика на степенот на образование, расна или етничка припадност, пол и генерација на испитаници.

Онлајн ангажманот може да придонесе за развој и одржување на когнитивните резерви, што пак може да го компензира процесот на стареење на мозокот и да го намали ризикот од развој на деменција, вели една од авторките на студијата, Virginia W. Chang.

Користејќи ги податоците од Health and Retirement Study (HRS), повеќегодишно истражување на возрасни Американци, Chang и нејзините колеги следеле 18.154 луѓе на возраст од 50 до 64,9 години кои не страдале од деменција во период од речиси осум години.

Откриле дека во тој период на 4,68 отсто од испитаниците им била дијагностицирана деменција.

Редовното и умерено користење на Интернет во доцната зрелост во подолг период е поврзано со одложено когнитивно оштетување, покажуваат резултатите од студијата заснована на одговорите на учесниците во истражувањето за нивната употреба на Интернет.

Но, ако мислевте дека постарите или која било возрасна група би можеле подобро да го користат своето време наместо да сурфаат на интернет, да читаат глупости објавени од повеќето социјални мрежи или да отвораат сомнителни е-пошта, во истражувањето и за тоа воделе сметка.

Несомнено, неопходно е да се соберат повеќе докази за можните штетни ефекти од прекумерната употреба на Интернет, предупреди тимот на NYU, потсетувајќи дека други претходни студии покажале дека, главно, кај помладите зависници од Интернет, е забележан феноменот на намалени вербални вештини, намалена концентрација и оштетување на сивата и белата материја во мозокот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.