Нутриционист открива дека хормоните како лептин, кортизол, грелин и уште неколку други можат да бидат виновници за вишокот килограми.
Кога станува збор за вишокот килограми, па дури и за дебелината, повеќето луѓе тоа ќе го припишат исклучиво на лошата и прекумерна исхрана. Сепак, тоа не е секогаш така.
Нутриционист открива дека хормоните можат многу да влијаат на вишокот килограми, односно дебелината и хормоналната нерамнотежа често одат рака под рака:
– Хормоналната нерамнотежа се смета за една од најголемите причинители за дебелеење во светот! Хормоните играат огромна улога во сите аспекти на човековото здравје. Бидејќи хормоните се тие што им „кажуваат“ на нашите органи кои функции треба да ги исполнуваат, нивната рамнотежа во телото е од клучно значење.
Влијаат на растот и развојот, начинот на варење на храната и метаболизмот, одржувањето на оптималната телесна температура, но и многу други функции на човечкото тело, како што се расположението или меморијата.
Затоа, одржувањето на правилен хормонален баланс е од суштинско значење за здрав и квалитетен живот.
Кога има нерамнотежа на хормоните, се јавува конфузија во човечкото тело.
Ако имате проблеми со дебелината, не е исклучиво хормоналната нерамнотежа да е виновна за тоа!
Иако најмногу е виновна лошата исхрана, иако таа не мора да биде единствената причина за дебелеењето.
Ова се 7 хормони во човечкото тело кои можат да бидат одговорни за вишокот килограми
Leptin
Лептинот е хормон кој му кажува на мозокот дали сме сити или не. Овој хормон го регулира метаболизмот, така што повеќе масти се согоруваат кога на телото му се потребни. За да се одржи овој хормон на оптимални нивоа, неопходно е да се спие доволно.
Cortisol
Кортизолот е хормон на стрес. Се ослободува кога телото е под стрес. Континуираниот стрес често доведува до зголемување на кортизолот, што има директна последица на зголемување на телесната тежина. Она што е специфично е дека кортизолот го забавува вашиот метаболизам, а масните наслаги се акумулираат главно во пределот на стомакот.
Ghrelin
Грелин, хормонот на гладот, му сигнализира на вашиот мозок дека сте гладни. Вишокот од овој хормон може да биде одговорен за промени во расположението, но и за претерана желба за храна.
Adiponectin
Адипонектинот е хормон кој помага во разградувањето на мастите. Оптималните нивоа на овој хормон го намалуваат ризикот од отпорност на инсулин и дијабетес.
Insulin
Инсулинот е еден од најмоќните хормони. Влијае на вашата способност да изгубите или добиете на тежина. Зголеменото ниво на инсулин го спречува вашиот метаболизам да согорува масти и на тој начин се дебелеете.
Glucago
Глукагонот е спротивен хормон на инсулинот. Овој хормон ги ослободува мастите од масните клетки и го поттикнува телото да ги користи како енергија.
Growth hormone
Хормонот за раст го подобрува метаболизмот на мастите и го стимулира производството на енергија.
Потребно е само еден хормон да биде надвор од рамнотежа за да се здебелите и да станете морбидно дебели.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















