Во владиниот извештај се предупредува дека реките Тигар и Еуфрат би можеле да пресушат до 2040 година.
Библијата вели дека кога реката Еуфрат ќе пресуши, тогаш ќе се случат големи работи (можеби дури и претскажување на Второто доаѓање на Исус Христос и вознесенија).
Во Откровение 16:12 пишува: „Шестиот ја излеа својата чаша на Еуфрат, големата река. И водите пресушија, и тој направи премин за царевите од сончевиот исток“.
Заедно со Тигар, Еуфрат минува низ денешна Сирија и Ирак пред да се влее во Персискиот Залив. Со илјадници години, реките близначки им дозволуваа на земјоделските заедници и големите градови да цветаат во Месопотамија, која се смета за лулка на некои од најраните цивилизации во светот.
Меѓутоа, веќе неколку децении станува сè поочигледно дека речниот системот Тигар-Еуфрат пресушува. Владиниот извештај од 2021 година предупреди дека реките би можеле да пресушат до 2040 година поради падот на нивото на водата и сушите предизвикани од климатските промени.
Двојните сателити на NASA за обновување на гравитацијата и климатски експеримент (GRACE) собраа форографии од областа во 2013 година и откриле дека сливовите на реките Тигар и Еуфрат изгубиле 144 кубни километри свежа вода од 2003 година.
Дали се наѕира катастрофа?
„Податоците на GRACE покажуваат алармантна стапка на опаѓање на вкупните резерви на вода во сливовите на реките Тигар и Еуфрат, кои во моментов имаат втора највисока стапка на загуба на резерви на подземни води на Земјата, по Индија“, изјави Jay Famiglietti, главен истражувач на студијата и хидролог и професор на UC Irvine.
Целосен колапс на речниот систем би значел катастрофа за регионот. Милиони луѓе од Турција, Сирија и Ирак се потпираат на водата од системот Тигар-Еуфрат. Во отсуство на вода, овие земји би можеле да се соочат и со претстојната јавно здравствена криза. Неодамнешниот извештај објавен во British Medical Journalu (BMJ) истражи како Ирак доживува огромен број здравствени итни случаи додека луѓето се борат да пристапат до чиста вода.
„Дијареа, големи и мали сипаници, тифус и колера во моментов се шират низ Ирак поради кризата со водата, а владата повеќе не им дава вакцини на своите граѓани“, Naseer Baqar, климатски активист и теренски координатор во Здружението на заштитници на реката Тигар во Ирак, изјави за BMJ.



















