3. Мила Јовович

Иако Мила Јовович е родена во Киев, таа не е Украинка. Нејзината мајка, советската актерка Галина Логинова е Русинка, додека нејзиниот татко Богдан Јововиќ е Србин.
По неколку години во Москва, семејството го напуштило Советскиот Сојуз на почетокот на осумдесеттите години од минатиот век. Мила, сепак не ја изгубила поврзаноста со своето потекло. Зборува руски, понекогаш се појавува во руските ток-шоу емисии, па дури и глуми во руски филмови.


















