14 научно докажани факти за кои речиси сигурно не знаете за оргазмот, а можеби навистина треба

2877

Експертите постојано истражуваат за она што се случува со телото за време оргазмот

Човековата сексуалност отсекогаш била интригантна. И додека сѐ уште има многу луѓе кои за сексот и оргазмот не сакаат јавно да зборуваат, оваа тема повеќе од било кога е во интерес на научниците кои постојано ги истражуваат најскриените сексуални тајни.

Објавуваме сѐ што треба да знаете за оргазмот и што научниците велат за него, а листата е составена од BuzzFeed.

Така научно е потврдено дека женскиот оргазам трае во просек помеѓу 10 и 15 секунди, додека машкиот трае шест. Жените, освен продолжен оргазам имаат способност да го доживеат неколку пати за краток временски период.

Во истражувањето научниците го проучувале времето и колку често е доживеан оргазмот и откриле дека 42 отсто од жените доживуваат вагинален оргазам пред партнерот да ејакулира. Околу 28 проценти имаат оргазам во исто време со партнерот, а 33 отсто од жените бараат стимулација и по ејакулацијата на партнерот.

  1. Случајни оргазми постојат

org1

Некои луѓе доживуваат оргазам за време на вежбање, медитација, па дури и во моменти кога се само јако возбудени, а да не се однесува на сексуална возбуда.

  1. Можни се и во тек на спиењето

post-22716-Snow-White-sleeping-gif-nCac

Дечките се во поголема веројатност да се сретнат со него, особено за време на пубертетот и адолесценцијата, но во оваа приказна не се исклучени ниту жените.

  1. Некои жени со него се соочуваат во текот на породувањето

tumblr_m7qv3yH4BX1qc4fkmo7_r1_250_zps62108747

Иако на многимина им се чини невозможно, научниците и истражувањата тврдат поинаку.

  1. Чудни изрази на лицето

anigif_optimized-28070-1426275099-12

До нешто необични изрази на лицето и грчење на прстите на ногата доаѓа за време на зголемена активност во малиот мозок, кој е одговорен за мускулните грчеви за време на сексот.

  1. Повеќе оргазми, помал ризик од рак на простатата

tumblr_m0c935LA9Z1qh6uobo1_5001

Една студија покажа дека мажите кои ејакулираат 21 или повеќе пати во еден месец, имаат помал ризик од рак на простатата, отколку оние со седум или помалку пати.

  1. Користетење на лубрикант 

lub

Повеќе од две третини од мажите и жените користат лубрикант за време на сексот, покажува студијата од Универзитетот во Индијана од Центарот за сексуална промоција на здравјето. Околу половина од испитаниците изјавиле дека тоа им помогнало во постигнување на оргазам.

Продолжува на страна 2