12 скриени причини поради кои постојано сте уморни

1661

6. Немате распоред на спиење

Можеби си велите дека за време на викендите нема да останувате будни до премногу доцна, но сепак, останувате до два часот наутро. Дури и да спиете ист број часови секоја ноќ, разликата во времето може да влијае на вашето тело и да ја намали вашата енергија.

7. Си легнувате лути

Сте имале караница со вашиот партнер? Решете го проблемот пред да отидете на спиење, затоа што тоа во голема мера може да влијае на вашиот сон.

8. Имате проблеми со тироидната жлезда

Се чувствувате нерасположени подолго време? Тоа може да биде резултат на намалена работа на тироидната жлезда, што прави да се чувствувате повеќе тромави, без разлика колку време спиете. Доколку продолжат симптомите, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.

9. Ви треба повеќе железо

Железото помага при движењето на крвта и носењето кислород до вашите мускули. Доколку не внесувате 10 милиграми дневно, може да се чувствувате повеќе уморни. Обидете се да го внесувате преку храната која е богата со железо, како што е спанаќот, гравот и слично.

10. Временските услови

Некои луѓе особено ги чувствуваат промените на годишните времиња. Вежбајте и доколку има сонце практикувајте да седите изложени на него барем неколку минути, со цел да го зголемите витаминот Д.

11. Не сте доволно изложени на сонце

Сонцето е еден од најважните надворешни знаци кој го регулира вашиот деноноќен ритам (односно, внатрешен часовник.) Поминете најмалку 30 минути надвор секој ден, со цел да го подобрите квалитетот на вашето спиење.

12. Премногу сте изложени на вештачка светлина

Прекумерната светлина која доаѓа од различните екрани со кои сте опкружени, може да влијае на вашето спиење. Затоа, отстранете ги дополнителните извори на светлина од вашата спална соба, со цел да си обезбедите поквалитетен сон.