6. Белодробна емболија

Ако не се лекува, 1/10 лица со ТДВ ќе развијат белодробна емболија. Ова е сериозна состојба која предизвикува: губење на здив (ненадејно или постепено), болка во градите која се влошува како што дишете, ненадеен колапс. ТДВ и белодробната емболија подеднакво бараат медицинска помош. ТДВ секој може да развие, но почеста е кај луѓе постари од 40 години. Постојат и други фактори на ризик како што се: наследни ТДВ, неактивност за долги периоди, оштетување на крвните садови, рак (хемотерапија, радиотерапија), бременост, дебелина, замена на хормоните.
7. Срцев удар

Исто така познат како миокарден инфаркт, се јавува кога протокот на крвта запира до срцето и предизвикува оштетување на срцевиот мускул. Симптоми: болка во градите или непријатност која се протега до рамо, раката, грбот, вратот или подлактицата. Често се наоѓа во центарот на левата страна на градниот кош и трае подолго од неколку минути. Нелагодноста предизвикува чувство на запалено срце. Во други симптоми спаѓаат уште и недостаток на здив, гадење, вртоглавица, ладна пот и замор.
8. Опасност

Сепак, акумулирање симптомите на срцев удар обично е постепено и ретко моментално. Колку побрзо реагирате, толку повеќе имате шанси да преживеете. Веднаш јавете се во службата за итен случај во колку приметите некои од овие симптоми.
9. Коронарна срцева болест (КСБ)

Коронарната срцева болест е термин кој опишува што се случува кога протокот на крвта во срцето е блокиран или прекинат со акумулација на масни супстанции во коронарните артерии. Со текот на времето, артериите се полни со масни наслаги и овој процес е познат како атеросклероза, а маснотиите атерома.
10. Што предизвикува атеросклероза?

Фактори на живеење, пушење, висок холестерол, висок крвен притисок (хипертензија) и дијабетес.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















