Искуствата на работ на смртта отсекогаш биле еден од најмистичните аспекти на животот. Ви пренесуваме неколку сведоштва на луѓе кои биле на работ на смртта.
„Пред неколку години паднав од кров на бетон. Скршив колено и зглоб. За среќа, тоа беше тоа. Да паднев на глава, ќе беше толку“.
“Дознав дека еден од моите колеги планира масовно пукање во мојата канцеларија, а единствената причина што тоа не се случи е затоа што член од неговото семејство дознал за неговиот план и интервенирал буквално во последен момент.“
„Докторот не го прочитал мојот картон и ми дал голема доза пеницилин. Погодете на што сум алергичен?“
„Океански бран ме фрли на карпа додека сурфав. Скршив девет ребра, а карпата ми ги прободе белите дробови. За среќа, успеале да ме стават во хеликоптер и ме оперираа по еден час, во спротивно ќе умрев од течноста во моите бели дробови“.
„Мојот злобен поранешен очув ме држеше за врат и ме претепа кога имав 11 или 12 години. Искрено мислев дека ќе умрам. Му реков дека не можам да дишам, тој на тоа ми рече „во ред“.“
“Имав сообраќајна несреќа кога имав 12 години. На мајка ми и пукна гумата, изгуби контрола над возилото и завршивме на друга лента. Кон нас се движеше огромна приколка. Имавме среќа, возачот виде што се случи па можеше да запре.“
„Првиот напад на астма се случи кога бев мал, но лекарот од брзата помош ме испрати дома бидејќи мислеше дека е настинка. Се уште не ми беше дијагностицирана астма. Завршив во болница со моите родители неколку часа подоцна, а другите лекари ми рекоа дека би се задушил до смрт ако чекав уште 30 минути“.
„Имав срцев удар на 30-годишна возраст на денот на мојата венчавка. Никој не можеше да сфати што не е во ред со часови додека не направивме ангиографија каде што видоа како пукнала една од артериите во моето срце. Пукнала додека ја навлекував чизмата насилно“.
За малку ќе ме разнесеа во бомбашки напад во Оклахома Сити. Бев преку улица во една зграда и штотуку заминав кога експлодира бомбата“.
„За малку ќе се задавев од тестенини во мојата студентска соба. Бев сам и не можев да дишам добри десет секунди. Беше страшно. Кога дојдов при себе си помислив: „За малку ќе умрев од тестенини, Исусе Христе“.



















