РАЗОЧАРУВАЊЕ ПО 10 МИНУТИ | Сателитите на НАСА останаа без контакт | Видео

1648

Несреќата се случила околу 10 минути по успешното лансирање од Кејп Канаверал, Флорида.

Мисијата на Astra Space која имала за цел да ги испрати малите сателити на НАСА за следење на бури во орбитата не успеала бидејќи ракетниот мотор од втора фаза се угасил прерано.

Несреќата се случила околу 10 минути по успешното лансирање од Кејп Канаверал, Флорида.

„Имавме номинален лет во првата фаза. Но, моторот од втората фаза се исклучи прерано и не го испорачавме товарот во орбитата“, изјави за livestrem службеничката на Astra, Amanda Durk Frye.

Првиот од шесте

Ракетата носеше два мали сателити дизајнирани од лабораторијата Линколн на MIT со задача да ја измерат влажноста и врнежите во системите на тропските бури.

Тие беа првите од шесте сателити на НАСА кои Astra планира да ги лансира во иднина.

Ова е втора неуспешна мисија на Astra оваа година.

Компанијата досега имаше седум обиди да стигне до орбитата, вклучително и пробните мисии, од кои две беа успешни, првиот во ноември минатата година, а вториот во март.

НАСА соработува со нови ракетни компании за да стави поевтин научен товар во орбитата за да го поттикне развојот на ракетната индустрија.