Зошто во 30-те сме многу посекси од 20-те

1009

Има нешто во периодот по 20-тите години, што ја прави една жена не само секси. Таа веќе изгледа опоjно.

Ако сме скептични и се прашуваме како возраста може да ни биде на услуга во овој поглед, не смееме да заборавиме дека сексапилот и убавината се должат не само на отсуството на брчки или стегнатиот задник. Сексапилот е доста посложен.

Што е она што ја прави жената исклучително сексапилна во 30-тите години?

Не се грижиме дали изгледаме совршено

Во 20-те години не се дозволени компромиси и сето во изгледот треба да биде идеално – облека, шминка, чевли. Овој стремеж е целосно нормален во оваа возраст, но и многу задушувачки.

Колку повеќе години поминуваат, толку помалку склони сме да обрнуваме внимание на овие работи, а во тоа дефинитивно има нешто секси.

Знаеме што сакаме

Жена, која е доволно зрела и доволно сигурна во себе, може да каже што сака во кревет.

Во дваесеттите години учиме да се промовираме и да дознаеме што ни се допаѓа, но во триесеттите веќе знаеме сигурно. Го кажуваме она што го сакаме. Секси, нели?

Сме ја усовршиле уметноста на заведувањето

Да, се разбира, дека знаеме како да заведуваме во 20-те. Во 30-те веќе сме вистински професионалци во овој поглед. На оваа возраст сме динамична комбинација од искуство, доверба, сексапил и повеќе вештини во креветот.

Исто како виното, со возраста стануваме сè повеќе примамливи и пожелни.