Загина Коби Брајант легендата на Лос Анџелес Лејкерс

488

Легендарниот Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, според најпочитуваниот инсајдер на ESPN, Adrian Wojnarowski, на 41 годишна возраст.

Сите други американски медиуми ја потврдија оваа вест, но сè уште службено не е потврдено. Брајант беше оженет и татко на четири девојчиња.

Како се случило

Во 21:24 ABC news јавува дека сите четири негови ќерки биле во хеликоптерот со Коби Брајант. Сè уште нема официјална потврда за овие информации.

Легендарна кариера

Брајант е еден од најголемите кошаркари во историјата. Тој ги помина сите 20 години од својата НБА кариера со Лос Анџелес Лејкерс, освојувајќи пет шампионски титули.

Уште синоќа LeBron James го престигна на третото место на најдобрите стрелци во НБА лигата. Двапати беше прогласен за МВП на финалињата и еднаш беше МВП на регуларната сезона.

Тој беше избран од Charlotte Hornets во првиот круг од драфтот во 1996 година, но истата вечер беше заменет за Владе Дивац. Во пар со Shaquileom O’Nealom, создале можеби и една од најдоминантните двојки во историјата на NBA . Заедно, освоиле три титули за четири години, а откако O’Neal ги напушти Lakers, Kobe стана ново лице на франшизата.

Ги освои последните две титули во 2009 и 2010 година кога беше прогласен за најдобар играч во финалето. Покрај бројните бодови и титули, се издвојува и натпреварот против Toronto Raptors кога во 2006 година дал 81 поени. Тоа е втор најдобар скор на еден играч во историјата на NBA.

Неколку часа пред неговата смрт, Брајант ја објави последната фотографија на Инстаграм.

„Продолжи со развивање на играта и исцртување на патот за следните предизвици“, напиша Брајант за Леброн.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.