Верувале или не, луѓето кои постојано доцнат подобро поминуваат во животот …

2525

Таквите луѓе знаат да имаат едно сеќавање старо можеби цела деценија кога навистина успеале се да направат и да дојдат негде во договореното време па мислат како тоа можат да го повторат.

Луѓето кои постојано доцнат често се оптимистични и нереални, а таквиот начин на размислување влијае на нивната перцепција на времето. Тие тоа не го прават намерно, туку искрено веруваат дека ќе успеат да направат се што испланирале и ќе дојдат каде што требаат на време. Но, тој план некако им се изјаловил и така постојано доцнат , објаснува Diana DeLonzor во својата книга “Never Be Late Again”.

Додава дека таквите луѓе знаат да имаат меморирано едно сеќавање старо можеби цела деценија кога навистина успеале се да направат и да дојдат негде во договореното време па мислат како можат тоа да го повторат.

Професорот по психологија Jeff Conte од Универзитетот во Сан Диего направил истражување на таа тема – испитал два типа на личности- тип А(нестрпливи и склони кон натпревар) и топ Б (креативни и опуштени). Поединците склони кон каснење ги сместил во тип Б.

Задача на испитаниците од обете групи била да се обидат да погодат колку време поминало(а поминала точно минута). Луѓето од групата А рекле 58 секунди, а од групата Б 77 секунди. Со ова докажал дека луѓето кои постојано доцнат имаат навистина поинаква перцепција на времето, односно немаат правилно чувство за минливост на времето.

Исто така, овие типови не се лутат кога другите доцнат, бидејќи ги гледаат низ поширока слика. Со тоа се поспонтани, не се заморуваат со работите на кои не можат да влијаат, нпр , со тоа што автобусот доцни. Затоа околу себе шират позитивна енергија која на другите им е пријатна.

Тие се во состојба да пакуваат работи во торба пет минути пред тргнување на пат , ќе најдат сместување или лет во последен час. Тие се оптимистични и не размислуваат дека нема да успеат во тоа што наумиле, па и да го правеле тоа во заден час…

Поради тоа знаат да бидат поуспешни во животот и имаат шанси подолго да живеат од луѓето кои не доцнат никогаш. Но, и тие имаат свои мани, велат истражувачите. Како што не можат да го контролираат времето, така често немаат контрола ниту над парите, не се истрајни во завршувањето на диетата која ја започнале.

Тие повеќе живеат за сегашноста отколку за иднината, па штедењето за старост не им е силна .