Урми (dáktulos)

7022

Хранлива вредност и употреба на овошјето

Урмите се богати со железо

Урмите се одличен извор на овој важен минерал, па затоа им се препорачуваат на трудниците, децата и луѓето кои патат од анемија.

Ја спречуваат дијарејата

Урмите се богати со калиум, кој ја олеснува работата на цревата и го стимулира развојот на добри бактерии.

Лекуваат запек

Освен што ја спречуваат дијарејата, урмите го решаваат и проблемот со запекот.

Ја одржуваат витката линија

Доколку сакате да спречите формирање на масни наслаги, потрудете се секој ден да изедете барем неколку урми на празен стомак. Но, не претерувајте, бидејќи се преполни со шеќер.

Го регулираат нивото на холестерол

Урмите докажано го регулираат нивото на лошиот холестерол. Чистите крвни садови имаат моќ да го спречат згрутчувањето.

Ја зајакнуваат работата на срцето

Редовното консумирање на урми ја спречува појавата на артериосклероза, главниот причинител за појава на срцев удар.

Го регулираат крвниот притисок

Доколку патите од хипертензија, слободно можете да консумирате урми. Урмите не содржат натриум, но се богати со калиум. Исто така урмите содржат и магнезиум кој е неопходен за здрав крвоток.

Спречуваат мозочен удар

Благодарејќи на калиумот кој го содржат, урмите може да спречат мозочен удар, доколку редовно се консумираат.