Ученици во Врање на интернет пронашле разголени фотографии од професорката

2150

Правилото дека „се што се објавува на интернет, таму и останува“, не важеше за една професорка од Србија која предизвика скандал откако објави свои разголени фотографии на социјалните мрежи.

Имено, ученици од средно училиште во Врање ги пронашле фотографиите на нивната професорка на некои од социјалните мрежи, па ги постирале на Фејсбук и коментирале како професорката ги гризе усните и ги покажува голите гради.

Професорката потврдила дека тоа се навистина нејзини фотографии, но тврди дека го изгубила нејзиниот мобилен телефон во кој се наоѓале тие, по што настанал целиот скандал, објави Радио Сараево.

Директорот на училиштето се уште не дал никаква изјава за случајот, а професорката би можела да то загуби работното место, откако некои од родителите се пожалија дека „таква жена“ не би требало да работи со ученици.

Сепак, други мислат дека таа е како и секоја друга личност и има право на приватен живот и слободно време.