Убавината на жените ширум светот | Ова се нивните тајни

1536

Во зависност од делот на светот и климатските услови кои владеат таму, жените се служат со разни трикови кои се целосно природни, а им помагаат на доста едноставен начин да ја негуваат својата убавина.

Дознајте некои корисни совети и трикови за убавина од жените ширум светот.

Египет – Земјата на античката козметика

Египќанките, но и Египќаните, користеле козметика уште во времето на фараоните. Козметичките средства и шминка не ги употребувале само за разубавување, туку тие биле задолжителен дел и во ритуалите и во обредите. А, особено внимание посветувале на убавината и шминкањето на очите. Освен тоа, шминката имала и заштитна улога – ја штитела кожата и очите од пустинската прашина и сонце, од правот и можните инфекции.

Египетските вештини за разубавување го достигнале врвот во 1 век п.н.е. благодарение на славната египетска владарка Клеопатра. Многу рецепти за нега на лице и тело кои биле создадени во нејзината доба се употребуваат и ден денес ширум светот. Во создавањето на козметичките препарати често се користат бадеми, мед и млеко. Омилените миризби на Египќанките биле и останале миризбите на јасмин и ружа.

Продолжува на страна 2