Тешко нам тогаш да сме се родиле | 13 непобитни знаци дека сте вештерка

1588

Кога доселениците во Нова Англија го напишале статутот во 1641. година, првото злосторство за кое предвиделе смртна казна, не било ниту убиство, ниту силување или нешто слично, туку идолатрија.

И не чекале долго да го применат. Помеѓу февруари 1692. и мај 1693. година, околу 150 луѓе биле затворени за време на судењето на вештерките во Salem. На крајот, 29 лица биле обвинети, а 14 жени, пет мажи и две кучиња биле обесени.

Сѐ поради мувлосаниот леб или поради зависта

На „волшебноста“ на жителите на ова мало село долго време се припишувала на хистеријата или халуциногениот леб (мувлосаниот ‘ржан леб произведува опасна материја од која се подготвува и ЛСД), но новите докази откриваат дека во Salem сите обвинети биле од источниот дел на селото, додека обвинителите биле од западниот. Мештаните кои живееле во ридовите на запад и кои се собирале во пуританската куќа ги обвинувале жителите на побогатиот источен дел, кои се залагале за смена на свештеникот кој раководел со куќата.

Во текот на средниот век, доказите биле сведени на бемки или домашни миленици, а најпознатиот тест бил тест на вода – осомничената била врзана и фрлена во езеро или река. Ако се удави била со чиста душа, ако некако се ослободи, била вештерка и би ја запалиле.

Сепак, судењата се модернизирале од средниот век

Иако кај нас прогонството на вештерките е поврзано со Католичката црква, протестантите биле далеку поревносни во убивањето невини жени. А со текот на времето, професијата пропишала „јасна“ постапка на судењата. Секако, цврсти докази дека некој бил вештерка не постоеле, па често сведочеле и децата, а едно од нив изгледало вака: „Sarah Good многу насилно ми ја повлече главата надолу, ми ги врза рацете и за малку ќе ме задушеше“.

Иако нема цврст доказ за каква било практика на црна магија, во Salem биле следени некои „основни правила“ за препознавање на вештерки – а еве некои од нив:

1. Вие сте жена

Уште од средниот век, „женскиот аспект“ се поврзува со вештерки. Историјата е полна со докази дека со илјадници години луѓето верувале дека жените се повеќе склони кон грев од мажите, а во ситуации како оваа грешникот бил обожавател на ѓаволот.

2. Многу сте сиромашни / не можете сами да се издржувате

Сиромашните, бездомниците и оние кои биле принудени да се потпираат на заедницата за помош честопати биле обвинувани дека се вештерки. На пример, Sarah Good, обесена во 1692. година, е обвинета дека е вештерка затоа што талкала од куќа до куќа и молела за храна.

3. Многу сте богати / можете сами да се издржувате

Ако сте возрасна жена и можете финансиски да се издржувате без помош на маж, веројатно сте вештерка. Секоја индикација дека жената може да живее без помош или надзор од маж било знак за тревога. Таа најпрво би се изолирала од останатиот дел од заедницата, а можеби и би била уапсена и изведена пред лицето на правдата. Помеѓу 1620. и 1725. година, богатите жени без сопрузи, браќа и синови, во страв да не бидат обвинети, во повеќето случаи го делеле своето богатство, а потоа го напуштале Salem.

4. Имате еден или повеќе пријатели

Група жени без придружба на маж бил јасен показател за состанок на кој се обожува ѓаволот.

5. Сте се скарале

Важно е да се запамети дека во Salem, секој може да обвини секого. Така и направиле. Никој не морал да те види како летате на метла за да ве обвини дека сте вештерка, доволно било што сте се скарале со некој од селото.

6. Многу сте стари или многу млади

Постарите жени, мажени и немажени, биле исклучително чувствителни на обвинувања. Rebecca Nurse била обвинета од соседот со кој често се карала. На 71-годишна возраст била прогласена за вештерка и станала најстарата погубена жртва. Dorothy Goode, пак, имала само 4 години кога признала дека е вештерка (истовремено обвинувајќи ја мајка си, која била обесена во 1692. година). Дороти поминала 9 месеци во затвор.

7. Им помагате на жените при породување

Писателот Joel Southern напишал дека црквата се плашела од акушерките во 17. век поради нивното тајно знаење за растенијата, независноста и паганските влијанија, па затоа редовно ја понижувала и демонизирала нивната професија сметајќи ја за нечиста.

8. Имате премногу или премалку деца

Ако имате многу деца – вашата матка е под влијание на магија, но ако имате малку или немате деца – ѓаволот ја проколнал вашата матка.

9. Се однесувавте тврдоглаво и борбено

На судењето на Rachel Clinton, нејзините обвинители го изнеле следново пред суд: „Дали таа не го покажала карактерот на огорчена, наметлива, жена со барања – можеби накратко, лик на вештерка? Зарем таа не пцуела, се заканувала и не се тепала?

10. Имате бемка

Бемката многу лесно може да се протолкува како знак на ѓаволот. Тоа е исто така местото каде што (обично) куче, мачка или змија „се придружуваат“ на вештерката за да ѝ ја испијат крвта. Во недостиг на други докази, обвинетите често ги соблекувале и го претресувале нивното тело, а кога би ја пронашле бемката, тоа било „А-ХА!“ момент – доказ дека е вештерка.

11. Имате расипан путер или млеко во домот

Во неколку изјави за време на судењето во Salem споменувани се расипани млечни производи и биле поврзани со вештерство.

12. Вонбрачен партнер

Во 1651. година, Alice Lake била обвинета дека е вештерка затоа што имала секс со вонбрачен партнер и при тоа останала бремена. Alice на крајот признала дека „соработувала со ѓаволот преку овој грев“, и истата година била обесена.

13. Сте прекршиле било кое од овие правила

Ова се само дел од правилата кои се користат на судењата, а кои често се прикажувале како доказ за вештерство и многу лесно можеле да завршат на бесилка:

– Ако сте извршиле прељуба
– Ако сте ги наведувале луѓето на други богови
– Ако сте силувани (не ако си силувал, туку си бил силуван!)
– Ако сте засадиле повеќе од еден вид семе на поле
– Ако сте допреле мртва свиња
– Ако сте носеле облека од повеќе видови ткаенина
– Ако имате „округла“ фризура
– Ако имате плетенки во косата
– Ако сте ѝ дозволиле на вештерката да живее…