Мажите и жените откриваат што ги привлекува најмногу | Една иста работа ставаат на прво место

1263

Ако мислевте дека сè е во изглед, истражувањето што беше спроведено може да ве одврати, пишува „Daily Mail“.

Се чини дека она што жените навистина го бараат кај мажот е добра смисла за хумор, бидејќи дури осум од десет жени, или 87 проценти од нив, ја посочиле оваа карактеристика како најатрактивна. Како втора најатрактивна одлика, 75 проценти од нив изјавиле дека мажот „знае добро да управува со пари“.

Мажите исто така првенствено сакаат духовити жени, но за нив најважна карактеристика е изгледот.

Студија во која учествувале 2.000 испитаници исто така открила дека жените многу ја ценат интелигенцијата. 74 проценти од нив се согласиле дека интелигенцијата е третата најважна одлика што ја бараат кај мажот. 65 проценти од жените, исто така, го наведоа изгледот како привлечна одлика. Само 44 проценти од нив веруваат дека високата плата е важен фактор кога станува збор за привлечноста.

Иако мажите повеќе гледаат на изгледот отколку на жените, тие се помалку заинтересирани за интелигенција и не им е особено важно жената да биде финансиски стабилна.

Истражувањето открило и дека шест од десет парови се скарале за пари, а 75 проценти од нив заедно донеле големи финансиски одлуки.

Кога мажот знае како да управува со пари, жените го гледаат како потенцијален партнер со кој можат да изградат иднина во која ќе купат автомобил, стан заедно …, рече истражувачот Џо Хемингс.

Споделувањето заеднички интереси е клучот за успешна врска, заклучи тој.

Продолжува на страна 2