СЗО издаде препораки за мешање на вакцините

1226

Светската здравствена организација (СЗО) во четвртокот издаде привремени препораки за употреба на вакцини против Ковид-19 од различни производители за втора доза и за бустер.

Во зависност од достапноста, МРНА вакцините , како што се оние развиени од Фајзер и Mодерна, може да се користат како бустер дози по почетната доза на векторската вакцина АстраЗенека и обратно, соопшти глобалниот здравствен орган.

АстраЗенека и која било од МРНA вакцините може да се користат и по почетната доза на инактивирана вакцина Синофарм, соопшти СЗО.

Вакцините со вирусен вектор содржат инструкции за генерирање на антигени на коронавирус, додека МРНА вакцините користат код од Ковид-19, за да предизвикаат имунолошки одговор кај примателот.

Вирусот САРС-КоВ-2 се користи за инактивирани вакцини кој се умртвува или убива со помош на хемикалии, топлина или зрачење.

Насоките беа усвоени врз основа на советите на Стратешката советодавна група на СЗО за експерти за вакцини претходно овој месец.

Препораката доаѓа откако една голема студија минатата недела покажа дека првата доза на АстраЗенека или Фајзер/Бионтек и втората доза на Модерна, девет недели подоцна создаваат подобар имунолошки одговор.

Сепак, СЗО рече дека за мешање треба да се земат предвид достапноста и придобивките и ризиците од користењето на вакцината против Ковид-19.

Препораките ќе бидат разгледани кога ќе станат достапни повеќе податоци, соопшти глобалната здравствена агенција.

Многу земји веќе почнаа да мешаат вакцини бидејќи се соочија со зголемен број случаи на Ковид-19, ниски залихи и бавна имунизација.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.