Популарниот научник Stephen Hawking уште за својот живот предупредувал дека евентуалното комуницирање со вонземјани нема да биде добро за цивилизацијата.
Астрофизичарот сметал дека интелигентните вонземјани би можеле да бидат непријателски настроени кон луѓето и дури дека можеби сакаат да колонизираат планети богати ресурси, како што е Земјата.
Тој во документарниот филм “Stephen Hawking’s Favorite Places” ја коментирал егзопланетата Gliese 832c, која можеби има живот.
– Некогаш ќе добиеме сигнал од планета како оваа, но би требало добро да се размисли дали ќе треба да одговориме на сигналот. Блиска средба со некои напредни цивилизации би можело да биде како средбата на Колумбо со староседелците од Америка. А таа не заврши добро, кажал Hawking.
Треба да се има предвид дека Земјата е многу “бучна планета” која емитува радио и ТВ сигнали во Вселената веќе со децении. Некои астрономи веруваат дека една вонземска цивилизација која е доволно напредна за брзо патување низ Вселената, до сега веќе сигирно ја “лоцирале” Земјата.




















