Почесто ќе имате секс
Истражувањата покажуваат дека допирот на кожата меѓу партнерите создава повеќе расположение за секс. Не дека во соблекувањето нема секси елемент, напротив, но самиот допир “кожа на кожа” е предиспонирачки за мозокот кон сексуални мисли, полесна ексцитабилност и желба за блискост со партнерот. Мажите тешко издржуваат поглед на гола жена пред себе, колку и да се уморни.
Помага и на кожата
Колку послободна е кожата, толку подобро. Таа дише, се проветрува и не се создаваат услови за задржување на бактерии, запотување, црвенило и други кожни болести или моментални болки.
Се регулира кортизолот
Кортизолот е хормон на стресот, кој се секретира од надбубрежните жлезди. Неговата висока концентрација се поврзува со зголемени нивоа на стрес во организмот, од што произлегуваат ред болести, физички и психички. Спиењето голи го намалува кортизолот, ја инхибира анксиозноста, депресијата и го подобрува расположението.
Гениталиите исто така, ќе се посреќни
Тестисите на мажот имааат потреба од поладни услови, за да функционираат правилно. Женската вагина пак има потреба од проветрување и намалување на условите на испарување кои носат ризик од инфекции и нарушувања во билансот на вагиналната флора. Со ослободувањето од долна облека вие ги намалувате овие ризици и ги правите гениталиите навистина посреќни.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















