СПАСОНОСНО | Постојано сте подуени и испуштате смрдливи гасови? 

2577

Ослободете се од надуеноста и гасовите со само неколку едноставни совети.

Освен одредени намирници – како грав, карфиол, кромид, брокула – нетолеранцијата на одредени прехранбени компоненти, како што е лактозата во млекото и млечните производи, исто така може да предизвика надуеност.

Проблеми можат да предизвикаат и газираните пијалоци и сокови со додаден шеќер или сируп од фруктоза, рафинираните пекарски производи, како и готови и полуготови јадења или сите видови преработена храна.

За да ја избегнете досадната надуеност и да ги редуцирате плиновите, следете ги овие совети:

  • Не зборувајте додека јадете бидејќи голтањето воздух предизвикува напнатост.
  • Бидете помалку под стрес. Имено, стресот е главната причина за акумулација на кортизол и адреналин, што може да доведе до надуеност.
  • Пробиотиците се одлични за надуеност. Освен што ќе го намалат, значително ќе влијаат и на подобрување на вашиот општ имунитет. Покрај тоа, пробиотиците го регулираат бактерискиот дисбаланс во цревата.
  • Надуеноста е еден од главните симптоми на нетолеранција на лактоза, затоа не заборавајте да размислите за намалување на внесот на млечни производи.
  • Гумите за џвакање содржат ксилитол, сорбитол или манитол, а сите овие состојки можат да го зголемат производството на гасови во дигестивниот тракт.
  • Пијте доволно вода бидејќи внесот на течности е клучен за добро варење.