Ема Ватсон
Ѕвездата од “Хари Потер” беше една од нашите омилени млади актерки, која буквално се претвори во жена пред нашите очи. Најважната постапка која Ема Вотсон никогаш не ја заборава чистење на шминката со производи прилагодени на типот на кожата.
Салма Хајек
Егзотичната убавица постојано споделува дека е ексклузивен фан на домашно приготвените маски. Тајната е во состојките кои актерката веќе ги испробала и знае дека влијаат исклучително добро на кожата. Салма Хајек се фокусира на јајцата, кои дејствуваат за негување и заздравувањето како за сува коса, така и при изгореници.
Скарлет Јохансон
Актерката вели дека никогаш не заборава на добрата основа за шминка со мат ефект. На овој начин се отстранува вишокот масти од кожата и се избегнува ефектот на вишокот во Т-зоната.
Лив Тајлер
Шармот на Лив Тајлер дефинитивно е во природната убавина, која се нагласува со шминка.Сосема мала количина пудра и руменило се фокусираат на свежината и младешкиот изглед.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















