Најздравиот начин да го ревитализирате вашето тело со витаминска бомба е преку природен домашно исцеден сок.
Свежите сокови од овошје го чистат организмот од насобраните токсини, а соковите од зеленчук го регенерираат, додека заедно го зајакнуваат имунитетот.
Листовите на зелката содржат калиум, сулфур, железо, калциум и селен, кои штитат од рак, но и делуваат позитивно на желудочната и цревната слузокожа и спречуваат појава на чир, а ако тој веќе постои, влијаат поволно.
Сокот од зелка изобилува со витамини Ц, Б и Е и провитамин А.
Препораки: Сокот од зелка има силен вкус, па се препорачува да се консумира со сок од јаболко или морков. Сличен состав има и келот, па може да се користи како замена на зелката.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















