СИВА ЗОНА | Вознемирувачка историја на најголемата колекција на мозоци во светот

1127

Данскиот државен етички комитет одлучи оваа необична колекција треба да се зачува и да се користи за научно истражување.

Во подрумот на данскиот универзитет Odense се наредени бесконечен број полици. На нив е најголемата колекција на мозоци во светот складирани во тегли со формалин.

Колекцијата се состои од 9.479 органи извадени од телата на ментално болни пациенти во текот на четири децении, од 1980-тите. Мозоците зачувани во формалин во големи бели садови означени со бројки се животно дело на истакнатиот дански психијатар Erik Stromgren.

Се работи за „некој вид експериментално истражување“ кое започнало во 1945 година, објасни експертот за историја на психијатријата Jesper Vaczy Kragh.

Stromgren и неговите колеги верувале дека „можеби ќе можат да откријат нешто за тоа каде е изворот на менталната болест, или тие мислеле дека во органите би можеле да најдат некои одговори“.

Собрани се по извршена обдукција на телата на луѓе сместени во психијатриски установи низ Данска. Никој не побарал дозвола од починатите, додека тие биле живи, ниту од нивните семејства.

Станува збор за државни психијатриски болници и немало луѓе од надвор кои би поставувале прашања што се случува во тие институции, рече Vaczy Kragh.

Во тоа време за правата на пациентите не се водело сметка.

Напротив, општеството чувствувало дека мора да се заштити од таквите луѓе, вели научникот од Универзитетот во Kopenhagen.

Според тогашниот закон, пациентите сместени во психијатриски установи помеѓу 1929 и 1967 година морале да бидат стерилизирани. И до 1989 година, тие морале да бараат посебна дозвола ако сакаат да се венчаат.

Данска ги сметала „ментално болните“, како што тогаш ги нарекувале, за „товар на општеството и верувале дека ќе предизвикаат разни проблеми ако бидат пуштени од болница или ако им дозволат да имаат деца“, вели Vaczy Kragh.

Во тоа време, телата на секој починат Данец биле подложени на обдукција, изјави патологот Martin Wirenfeldt Nielsen, менаџер на колекцијата.

Тоа едноставно било дел од тогашната култура. Обдукцијата била само уште една болничка процедура, објасни Nielsen.

Развојот на постморталните процедури и зголемувањето на свеста за правата на пациентите го сигнализирале крајот на додавањето нови примероци во колекцијата, но дури во 1982 година. Потоа имало долга и жестока дискусија за тоа што треба да се направи со колекцијата. Данската државна комисија за етика конечно одлучила дека треба да се зачува и да се користи за научно истражување.

Патологот Martin Wirenfeldt Nielsen посегнува по кутија, во подрумот на University of Southern Denmark во Odense. – Слика на АФП

Не користи ако не се користи

Колекцијата, која долго време се чувала во градот Aarhus на западот на Данска, во 2018 година е преместена во Odense. Истражувањата, во кои се користела колекцијата, опфатиле широк спектар на болести, од деменција, преку шизофренија и биполарно растројство до депресија.

Дебатата во еден момент запрела и денес луѓето велат: „Во ред, ова е многу импресивно и корисно научно истражување доколку сакате да дознаете повеќе за менталните болести“, изјавил менаџерот на колекцијата.

Некои од мозоците им припаѓале на луѓе кои страдале и од потешкотии во менталното здравје и од болести на мозокот.

Имајќи предвид дека многу пациенти половина или дури и целиот свој живот го поминале во такви државни институции, тие страдале и од други мозочни заболувања, како што се мозочен удар, епилепсија или тумори на мозокот, додаде тој.

Колекцијата моментално се користи од четири истражувачки проекти.

Ако не се користи, нема никаква корист, изјави поранешниот шеф на данската асоцијација за ментално здравје, Knud Kirstensen.

  • Сега кога постои, треба да го искористиме, рече тој, жалејќи се на недостигот на средства потребни за финансирање на истражувањата.

Susana Aznar Kleijn зема кутија со фрагменти од човечки мозок од фрижидер во лабораторијата на болницата Bispebjerg во Copenhagen. (Сергеј Гапон/АФП)

Невробиологот Susana Aznar, експерт за Паркинсонова болест од болница во Копенхаген, користи колекција на органи во формалин како дел од истражувачкиот проект на нејзиниот тим. Таа објасни дека мозоците во колекцијата се единствени бидејќи им овозможуваат на научниците да ги проучуваат ефектите од современите медицински процедури.

Пациентите тогаш не биле третирани со процедурите што ги применуваме денес, додаде таа. Затоа што мозокот на денешните пациенти претрпел промени поради терапии на кои тие се подложуваат.

  • Кога тимот на Aznar ги споредува денешните мозоци со оние од колекцијата Odense, „имаме можност да видиме дали овие промени можат да се поврзат со терапевтски процедури“, рече таа.