Што зборува стилот на мастурбирање за личноста?

2533

Masturbation 101: Is Masturbation Healthy? And How to Masturbate

Медитирачки

Сексот може да е вид медитација, мастурбацијата , исто така. Што поубаво од блажен завршеток на денот, кој ќе ве растовари од мноштвото грижи и стекнат стрес ?!

Медитирачките дами имаат потреба неколку минути насамо со себе, за да си испорачуваат задоволство. Тие запаѓаат во сексуален транс брзо, а блаженството гипренесува лесно во земјата на уживањето, каде стресот не постои. Овој тип на луѓе лесно може да се отцепат од светот.

Можат да го прават тоа за 5 минути пред спиење или во почетокот на новиот ден. Тие се и попродуктивни и кон своите обврски.

Брзате

Како што има брз секс, така има и брза мастурбација. Таа има свои аргументи, бидејќи во рамките на 2-3 минути опуштање и дава нови сили и енергија. Ако се самозадоволувате брзо тоа значи дека не сакате да чекате. Сакате работите да ви се случуваат тука и сега. Го мразите одложувањето. Способни сте да се радувате на малите работи во животот.

Романтичарки

Романтичарките исто ја користат нивната имагинација за време на мастурбирањето. Тие не се исклучуваат, не престануваат да размислуваат за објектите на своите желби, иако се сами во моментот. За романтичарките дури и мастурбирањето е љубовна врска и тоа не само со себе, но и со претставите за идеална љубов.

Таквите жени го сакаат сексот, но држат и до чувствата и емоциите во една врска. Бараат партнер за цел живот, на кого ќе се потпрат.

Авантуристка

Авантуристките бараат авантури постојано. Тие не се плашат да се препуштат на својата наслада на јавни места, на работилници. Тие сакаат да фантазираат, да мислат за уживањето што претстои сами да си го приредат.

За авантуристките секој допир, секоја локација, секоја можност за уживање е начин да избегаат од реалноста и тие не ја пропуштаат.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.