Што сакаат жените? Да го запознаат вистинскиот на 24, да родат на 27, а кариера на 34 години

412

Иако многу жени имаат животен план, повеќето од нив успеваат поставените цели да ги постигнат околу шест години подоцна. Желбите се успех во кариерата, добар брак и семејство.

Да запознаат идеален маж, кој е како создаден само за нив, на жените најмногу би им одговарало на возраст од 24 години, за да подоцна и сите други “коцки” на животот се подредат на време, покажала една студија на 2000 жени од британската компанија 3М ‘s Post-it brand. Според неа, за повеќето од жените планирањето е важен аспект кое ги мотивира во животот, иако обично се случува работите да не одат според планот, пишува Daily Mail.

Иако повеќето луѓе мислат дека совршено време за да се положи возачки испит е во 19-та година, да живеат сами во 23-та и вистински да се заљубат во 24-тата, целите, во просек, се остваруваат шест години подоцна отколку што планирале, известуваат истражувачите.

– Недостаток на пари, храброста за преземање некои живот одлуки, но и околности, како што е онаа дека едноставно не се во задоволителна врска лесно ги нарушуваат плановите – изјави портпаролката на компанијата која ја спроведе студијата, Џесика Чиверс.

Таа додаде дека човекот може да работи според плановите и одлуките, но некои работи сепак го вклучуваат факторот на среќа и судбина. На пример, тешко е да се знае дали некој ќе се заљуби и ќе може да роди бебе до 27 годишна возраст и да постигне успех во кариерата до 34-тата година, но човекот сепак може да сонува.

Третина од жените вели дека некои животни можности ги пропуштиле и дека е малку веројатно дека повторно ќе се случат, додека една петтина од нив велат дека понекогаш не знаат од каде да почнат со реализација на своите цели. Околу 55% од жените веруваат дека запишување на важни животни цели е добар начин да се остане фокусиран на нив, што ги зголемува шансите тие да се постигнат.