Што покажува вашата фризура за вас

2705

Затегната пунџа

Во секој момент вие сте со совршен изглед. Од друга страна сте исклучително дисциплинирани и имате контрола на секој аспект од животот. Претпазливи сте, а кога треба да се донесе важна одлука, преферирате да размислувате подобро работите и да не брзате.

Коњска опашка

Вие сте мирна личност и секогаш дејствувате според интуицијата. По природа ги промовирате и поучувато другите, но ретко ги судите. Мислите дека луѓето треба да бидат прифатени такви какви што се. Добар слушател сте и советник.

Идеална права и распуштена коса

Вие сте добро организирана и независна жена. Околу вас сè е уредно. Ги цените малите и едноставни нешта. Ја откривате среќата во деталите, а не во материјалното. Туѓите проблеми не ве возбудуваат и иако тоа ве прави малку егоисти, не се плашите да го прикажете. Во љубовта тешко наоѓате половина, бидејќи мажите се плашат од вашата сила.

Распуштена и несериозна пунџа

Вие сте вистинска социјална пеперутка. Вашите главни приоритети во животот се семејството и пријателите. Најблиските секогаш може да сметаат на вашата поддршка и совети. Сакате да се забавувате, да патувате, а во љубовта имате потреба од разновидност.