Секоја десетта жена не зборува со свекрвата | Најголеми престапи на свекрвите

3411

Дали е излитен мит или не, општо познато е дека постои непријателство помеѓу жените и нивните свекрви, но мора да се потенцира дека има исклучоци, а секоја чест за нив.

Најчести причини поради постоењето на непријателството меѓу свекрвата и снаата е народски кажано “солење памет“ од страна на свекрвата, мешање во бракот, воспитувањето на децата и финансиите, и нормано оние фрази …„Во мое време…“, “Јас тоа вака би го направила….“..

Околу 40 отсто од жените имаат лош однос со својата свекрва, а многу со нив водат секојдневни борби поради “добронамерни совети“, покажало едно интернет истражување спроведено на порталот OnePoll.

Дури десетина жени поради честите расправии не разговараат со своите свекрви, а најчест повод за таквиот однос е нејзиното мешање во воспитувањето на децата.

Свекрвите на своите снаи често им ги кажуваат фразите “Во мое време…“ или „ Јас тоа вака би го направила“, кои се најомразени меѓу женската популација, а некои одат до таму, што на снаите им даваат модни совети или финансиски, откриле истражувачите.

Околу половина од мажените жени се расправаат со својот партнер поради мешањето на неговата мајка во нивниот заеднички брачен живот, а 15 отсто размислувале потполно да го прекинат односот со свекрвата.

Најголеми престапи на свекрвите

  • Давање совети околу долната облека
  • Однесување како да знаат се
  • Критизирање на снаата
  • Давање на децата многу слатки работи и нездрава храна
  • Преправње дека тие знаат повеќе што сакаат нивните внуци, од нивната мајка
  • Не слушање на снаата
  • Нагласување како својот син го познаваат подобро од неговата жена
  • Мешање во финансиите
  • Постојано говорење на снаата дека таа треба да ослабе