Вага
Како мартини, се консумира кога не можете да се одлучите што сакате, ниту дали сте гладни или жедни. Обично тогаш кога не е ниту време, ниту место.
Скорпија
Таа е како апсинт. Удира дирекно во душата и мозокот. После неа ќе се чувствувате како пропаднат поет кој талка низ светот и ќе живеете само во соништата.
Стрелец
Тој е како пелинковац. Има тревка за секоја болка и гума за секој карактер. Опива темелно и до лудило и ве остава да жалите што не застанавте по третата чаша.
Јарец
Јарецот делува како пиво. Освежува во мали количини, а доколку му се препуштите, ќе мокрите во секоја дупка. Ви се превртува во стомакот и ве боли желудникот.
Водолија
Таа е како џин. Ве навлекува со шеќерот, ве фрла на кревет, ви ја подига температурата и на крај ве отфрла како партал.
Риби
Тие се како виски, резервирани, преценети и ги препорачувате на другите, а доколку им се препуштите, утредента ќе сте како од поплава „исфрлени“.



















