РЕВОЛУЦИОНЕРНО | Едноставен тест на крвта предвидува дали ќе умрете од корона – Речиси 100% e точен!

1771

Според научниците, тестот имал речиси стопроцентна точност кога станува збор за ризикот од смртност неколку недели пред.

Според научниците, овој тест на крвта идентификува 14 протеини поврзани со преживување. Работи на принципот на вештачка интелигенција и користи ниво на плазма за да го одреди ризикот од смртност со речиси 100 проценти точност неколку недели претходно.

Тестот исто така може да се покаже корисен за мерење на ефективноста на досега развиените третмани за ковид-19 и покажување на нивното влијание врз поединечни пациенти.

Истражувачите анализирале нивоа на 321 протеин во примероците од крв земени во 349 временски точки од вкупно 50 лица третирани во Германија и Австрија. Овој метод е користен за да се пронајде врската помеѓу измерените протеини и преживувањето на пациентите, пишува The Sun.

Професорот Florian Kurth од Charite University Hospita во Берлин рече:

„Ковид-19 е исклучително разновиден, почнувајќи од асимптоматска до многу сериозна болест и смрт, и тешко е да се процени индивидуалниот ризик“.

Просечното време од приемот до смртта во студијата било 28 дена.