РАДИОАКТИВЕН ОТПАД | Ѕирнете во мистериозната лабораторија сместена на 300 метри под земјата 

1332

Лабораторијата се наоѓа на 300 метри под земја во близина на градот Saint-Ursanne во кантонот Јура на северозападот на земјата и содржи тунели долги 1,2 километри.

Како што покажа војната во Украина, складирањето радиоактивен отпад над земјата може да биде ризично. Русија ја контролирала нуклеарната централа Чернобил седум дена за време на инвазијата на соседна Украина, а на 4 март нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина стана првата цивилна нуклеарна централа која била цел на воен напад.

Имено, со амандманот на Женевските конвенции усвоен во 1977 година се спречуваат нападите на брани, насипи, верски институции и нуклеарни централи.

Проектилот ја погодил зградата за обука во раните утрински часови на 4 март. Пожарот што избувнал потоа не ја оштетил опремата која е клучна за работата на централата, а во извештаите објавени по инцидентот е откриено дека нивото на радијација во електраната не е зголемено.

Saint-Ursanne, Швајцарија

Швајцарските научници веќе 25 години работат на елиминирање на ризикот од складирање на радиоактивен отпад.

Експертите кои работат во Лабораторијата за истражување на каменот Mont Terri од 1996 година спроведуваат истражување на глината Opalinus за да утврдат дали може да се користи како камен „домаќин“ за длабоко геолошко отстранување на швајцарскиот радиоактивен отпад и јаглерод диоксид.

Лабораторијата се наоѓа на 300 метри под земја во близина на градот Saint-Ursanne во кантонот Јура на северозапад од земјата и содржи тунели долги 1,2 километри. Според податоците од ноември 2021 година, во истражувањето во Лабораторијата учествуваат 22 организации од девет различни земји. Досега во него се спроведени повеќе од 170 експерименти.

Глината Opalinus е интересна за научниците затоа што е практично непропустлива (нејзината хидраулична спроводливост е 2 x 10-13 m / s) и затоа што глинените минерали се погодни за задржување на радионуклиди или нивно врзување за нивните гранични површини (адсорпција).

Неколку радионуклиди кои не можат да се врзат за глинените минерали патуваат прилично бавно низ глината Opalinus. Исто така, глината Opalinus сама по себе ги поправа новоформираните и старите пукнатини на нејзината површина.

Од друга страна, високите температури можат да ги променат структурите на глината Opalinus, а длабокото геолошко складирање на радиоактивен отпад може да биде технички предизвик и скапо.