Кромид
Кромидот е одличен домашен лек против опаѓање на косата. Исцедете сок од кромид и измијте го скалпот со него. Оставете го преку ноќ во косата да го впие сокот и увијте ја во крпа.
Јаболков оцет
Оцетот има многу корисни својства. Едно од нив е дејството против опаѓањето. Можете да ја плакнете косата со јаболков оцет по шампонот. Правете го ова секој пат кога ја миете косата.
Лајм и црвена пиперка
Направете си паста од исцеден сок од лајм и пиперки. Измешајте ги со миксер и применувајте ја оваа маска 3 пати неделно против опаѓање на косата.
Јајца и мед
Вовие два производа се содржи сè што е потребно за убава коса. Измешајте жолчки на едно јајце со 2-3 лажици мед. Промешајте и нанесете маската на косата. Примени 4 пати неделно за длабоко потхранување.
Бадемово масло
Бадемовото масло има моќни својства против опаѓање на косата. Тоа продира во длабочина и го негува коренот на влакното, со стимулирање за да расте забрзано.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.