Природни диуретици

80

За диуретици се сметаат оние продукти кои, покрај излачувањето на водата, доведуваат и до зголемување на излачувањето на солите од организмот, а особено на натриум хлоридот.

Одредени намирници имаат диуретско дејство, па со нивната конзумација се потпомага стимулирањето на метаболизмот (размена на материите).

Ако сакате да изгубите некој килограм, или пак едноставно да го исчистите организмот, потребно е ваквите намирници да ги вклучите во својата секојдневна исхрана.

Домати

Свежиот домат содржи 94% вода. Богат е со каротен, антиоксидантот ликопен и со витамин Ц, па помага во отпуштањето на водата од бубрезите и во чистењето на отпадот од организмот. Доматот содржи многу органски киселини и пектини кои го активираат процесот на варење на храната и го спречуваат негативното дејство на бактериите. Доматот го зголемува излачувањето на водата од организмот, па е особено погоден за лица кои болуваат од реума, запаление на зглобови, камчиња во бубрегот и жолчката.

Краставици

Краставицата е зеленчук кој содржи многу вода (96%), па го зголемува излачувањето на урина и овозможува подобро исфрлување на отровите. Освен тоа, краставиците се богати со сулфур и силициум. Овие минерали ги стимулираат бубрезите да лачат повеќе уреа (мочна киселина), а со тоа се стимулира и исфрлување на маснотиите од организмот.

Зелена салата

Во диеталната исхрана, особено онаа која е наменета за намалување на килограмите, зелената салата е незаменлива намирница. Таа содржи калиум, фосфор, калциум, магнезиум и витамин Ц, каротен (провитамин А), витамин Е, витамини Б1, Б2 и Б6 и ниацин. Содржи и 90% вода. Особено делува на варењето и на работата на црниот дроб, а во 100г од оваа салата има само 13 калории.

Морков

Морковот содржи каротен кој го поттикнува и забрзува метаболизмот, па преку тоа помага во отстранувањето на масните наслаги и отпадни материи од организмот. Морковот содржи и посебен вид на влакна, но и калциум пектат кој ја намалува количината на холестерол во организмот. Исто така, морковот го намалува и задржувањето на течности во организмот.

Зелка

Зелката го чисти телото од отрови бидејќи содржи сулфур и јод кои помагаат во чистењето на слузната мембрана на желудникот и цревата. Зелката е одлична и во случај да страдате од наталожување на масни наслаги околу стомакот бидејќи помага во разложувањето на масните наслаги./Мигусто