Природен лек во борбата против ракот на јајниците

1924

Тим од Универзитетот во Кумамото откри во кромид природно соединение со антиканцерогени својства, соопштија руски медиуми.

Соединението помага против епителниот рак на јајниците, кој е и најчест.

Тоа го запира размножување на клетките на ракот, а здравите остануваат недопрени. Повеќето болни од овој вид рак добиваат релапс по првичната хемотерапија.

Затоа е потребно поефикасно решение. Јапонските научници се надеваат дека соединението од кромид ќе може да го зајакне ефектот на антиканцерогени лекови.

Во експериментите со глодари животни живееле подолго, а зголемувањето на туморите било прекинато.