Приказната на една мајка која почнала со проституција за да се грижи за своето мало девојче со пречки во развојот

2026

“Да се осмелиш – тоа е цената на напредокот”, Виктор Иго

Психолог Вилијам Џејмс во дамнешната 1890-тата година ја предложи формулата со која се одредува нивото на самодоверба на една личност. Самопочитувањето се однесува на нашето уверување дека имаме право да бидеме среќни и дека заслужуваме достигнување, успех, пријателство, љубов и исполнување. Размислете за тоа.

Ниту кислородот за децата не е бесплатен

Не сум арогантна, кога изјавувам дека сум презаситена од овие поделби на лицата со хендикеп и нехендикепираните. Уморна сум од поделбата на здрави и болни деца. Уморна сум од состаноци, комитети, тркалезни маси, јавни форуми на кои некој кој не го знае ниту малиот дел од мојот секојдневен живот ми дели совети, објаснувајќи ми која сум и што можам, донесува одлуки колку катетери и пелени ќе потрошам на ден како ќе живеам, затоа што за нив сум различна.

Јас не се чувствувам послаба и ми се гади од тој голем број на луѓе кои го обезбедиле сопствениот опстанок, благодарение на различните функции и комитети кои постојат за да нѐ заштитат. Вие, кои не знаете што е животот со инвалидитет! Каква иронија! Ние ве заштитуваме вас и вие живеете на наша сметка. Ја потпишавте Конвенцијата на ОН, која не ја применувате, ја истакнувате транспарентноста на својата работа, а ние кои треба да бидеме еднакви во сите области на животот секој ден се враќаме во минатото.

Сѐ додека во Загреб, кој е совршен во споредба со другите градови, села и места, при секое излегување мора да молам за помош, бидејќи сте се обврзале на посветеност и пристапност, кои се реализираат како и сè друго само на хартија. Додека мајките на децата со посебни потреби го плаќаат кислородот за своето дете, додека во новиот правилник стои дека на детето му е доволен нов пар на чевли секои две години.

До тогаш, не е изненадувачки за мене дека тешко или воопшто не давате изјави и она мислење за кое сите знаеме дека се куп лаги и единственото нешто што е важно за вас е времето кое поминува во положбата која сте ја обезбедиле на луѓето со посебни потреби. Нема поента во наведувањето на министерството и на министерот кои со насмевка одговара на прашања кога нејзе ѝ одговараат и ја заобиколува вистината.
Крајно време е лицата со попреченост да учествуваат во поголем број во создавањето на законите и прописите.

Божица Равлиќ