Прељубниците вршеле неверство по раѓањето на нивното прво дете

1634

Резултатите од најновото истражување покажале дека склоноста кон неверство најчесто се манифестира по раѓањето на првото дете, пишува Daily Express.

Анкетата, направена во Велика Британија, опфатила 1.000 корисници на сајтот за вонбрачни врски Illicit Encounters.

Импресивни 70 отсто од испитаницитее признале дека иизвршиле неверство на првиот ден од раѓањето на нивното дете.

Триесет и пет проценти од анкетираните прељубници откриле дека во првите 12 месеци по раѓањето на нивното прво дете обарале милувања надвор од брачниот кревети.

Дваесет и осум проценти тоа сториле тоа во рок од две години по неговото појавување на виделина, а 10 проценти – уште во првите шест месеци.

Мнозинството прељубницитврдат дека биле поттикнати кон неверство по раѓањето на својата прва рожба, бидејќи вниманието на партнерката е апсорбирано целосно кон приновата во семејството, и се чувствувале запоставени и лишени од љубов.

Околу една третина од учесниците во анкетата велат дека ненаспаноста по појавата на бебето се одразило негативно врз сексуалниот живот и тоа ги поттикнува да бараат интимност надвор од бракот.