Потребно
- 1 и ½ чаша малини
- 1 чаша боровинки
- ½ чаша бел шеќер
- ¼ чаша вода
Подготовка
- Измешајте ги малините, боровинките, шеќерот и водата во мало тенџере.
- Кога ќе зоврие оставете на околу 5 минути на таа температура.
- Потоа намалете го шпоретот на слабо и оставете за уште 10 минути.
- Кога сосот ќе се згусне, тргнете го од огнот.
- Послужете топло со полнењето за палачинки.



















