Пречки од детството кои го блокираат вашиот напредок

1988

4. Никогаш не треба да зависиш од другите

Оваа порака исто така ќе ве спречи да чувствувате вистинска блискост со некоја друга личност. На пример можеби ќе ви биде тешко да се отворите за чувството на интензивна врска во роматичните односи, ќе се обидувате сами да се носите со својата тага и ќе се чувствувате секогаш дека сте одвоени од остатокот од светот.

Не постои брз начин за решавање на овие видови на уверување, но концентрираниот напор да покажете повеќе ранливост кон своите искрени пријатели и партнери, може да биде награден со љубезност, која ве поттикнува полека да се отворате.

5. Погрешно е да се истакнувате

Доколку сте имале традиционални родители, кои ве учеле дека децата требаат да се гледаат, но не и да се слушаат, можеби се уште ви е тешко да се изборите за своето право на глас. Тој проблем може да се манифестира во неподготвеност да се браните, кога некој се обидува да ве дискредитира или може да се појави посуптилно на начин секогаш да капитулирате пред склоностите на другите во вашата социјална група.

Меѓутоа доколку никогаш не сте успеале да се истакнете тогаш ги пропуштате клучните можности за остварување на своите цели. Не морате да бидете груби и агресивни, бидете упорни, практицирајте мирен, но цврст став при наведувањето на своите афинитети и пристојно кажете кога не се согласувате со нечија перспектива.

6. Треба само да се обидете да се вклопите

Понекогаш оваа порака е пренесена од страна на родителите, кои се обидуваат да го избегнат малтретирањето на своите деца од страна на нивните врсници (а понекогаш се пренесува од родителите, на кои им е непријатно поради ескпериментирањето на идентитетот на нивното дете), оваа порака може да остави чувство дека „вистинските вие“ всушност не сте доволно добри.

Иако можете да привлечете пријатели и да бидете успешни, тешко дека ќе се чувствувате навистина ценети кога поголемиот дел од животот ви подразбира „прикажување на фасадата“. Секој пат кога некој ќе ви даде признание и комплимент за нешто што сметате дека е основен дел од она што вие навистина сте, запишете го и афирмирајте.