Повеќето од вас никогаш не би се омажиле за својот братучед, но, има исклучоци

2041

Чарлс Дарвин

Таткото на еволуцијата се оженил со својата прва братучеда Ема Ведгвуд. Тие имале ист дедо, Јосија Ведгвуд (кој, случајно, го започнал кралството на грнчарството Ведгвуд). Дарвин бил крајно неромантичен, кога требал да одлучи дали ќе ја праша својата избраничка, па направил список на причини за и причини против.

Меѓу предностите бил наведен фактот дека бракот би му овозможил подобро дружење со партнерот отколку со кучето. Причините против тоа главно биле поврзани со неговата кариера „поради бракот тој би имал помалку пари за книги и ќе му одземе многу од личното време“.

На крајот, бракот победил. Кога, пак, отишол кај Ема да ѝ ја побара раката, тој ја прескокнал целата увертира за „бескрајната љубов“ и наместо тоа, ја поминал вечерта разговарајќи за трансмутацијата. Сепак, научниот говор навистина ја трогнал Ема. Откако се венчале, тие имале десет деца.

Продолжува на страна 6