Подолгото породилно отсуство гo намалува ризикот од постпородилна депресија

410

Ризикот од заболување од постпородилна депресија, за која се верува дека е последица на хормонална нерамнотежа на новопечените мајки е поголем кај мајките кои имаат покусо породилно отсуство, тврдат на научниците од Универзитетот во Мериленд.

Оваа состојба погодува околу 13 отсто од родилките, а нејчесто се јавува околу третиот месец по раѓањето на детето, покажа студијата изработена на примерок од 800 мајки.

Од нив една група на работа се вратиле шест недели по породувањето, друга 12 недели, а трета шест месеци по породувањето.

Жените, кои на породилно останале минимум шест месеци, многу поретко заболувале од постопородилна депресија.

Траењето на породилното отсуство барем шест месеци ги штити и детето и мајката, нагласија истражувачите.

Во САД повеќето вработени мајки на работа се враќаат три месеци по породувањето, а вообичаеното траење на породилното отуство во Европа изнесува од 14 до 18 месеци (Германија, Белгија, Данска, Австрија, Шпанија, Франција, Словенија, Полска), додека во Чешка, Унгарија, Финска и Словачка породилното отсуство трае 18 месеци.