Лимон и лимета спаѓаат во фамилија на цитрусно овошје и еднакво позитивно делуваат на организмот.
Богати се со витамин Ц кој посебно е потребен во летните денови. Витаминот Ц е антиоксиданс за кој е докажано дека спречува настанување на брчките.
Доколку Вашиот организам е богат со овој витамин во текот на летото, не мора да се грижите за брчките кои се предизвикани од сончевите зраци.
Лимонот и лиметата, не само дека ќе Ве заштитат од штетните надворешни влијанија, туку ќе Ве освежат.
Хидратацијата е исто така многу важна за време на големите горештини затоа што организмот мора да ги надомести течностите кои се губат преку потењето.