Откриено е дека магнетното поле на Земјата ослабнува на секои 200 милиони години, при што се случува поларна ротација.
Магнетното поле на Земјата постојано ја менува својата насока и сила. Овие промени нѐ штитат од штетното космичко зрачење, па затоа се многу важни. Научниците се обидуваат да одредат како да ги предвидат, но анализираат и какво било некогаш магнетното поле.
Меѓу другото, тие ги анализирале древните текови на лава во источна Шкотска и дошле до заклучок, потврдувајќи ги претходните истражувања, дека постојат циклуси од 200 милиони години во кои магнетното поле на Земјата слабее, а потоа повторно зајакнува. Тие, исто така, двапати ги провериле другите мерења на геолошките записи направени во изминатите неколку децении и со тоа ја потполниле историјата на магнетното поле пред околу 500 милиони години.
“Нашите наоди, кога се разгледуваат заедно со постојните сетови на податоци, поддржуваат постоење на циклус на јачина на магнетно поле на Земјата, долг околу 200 милиони години, поврзан со длабоки процеси на Земјата. Бидејќи скоро сите наши докази за процесите внатре во Земјата постојано се уништуваби од тектонските плочи, зачувувањето на овој сигнал длабоко во Земјата е исклучително вредно како еден од ретките ресурси што ги имаме“, објасни палеомагнетичарката Louise Hawkins од Универзитетот во Liverpool за Science Alert.
Пополнување на дупките во историјата
Во истражувањето се користени техники на термо и микробранова палеомагнетна анализа на примероци од карпи од древни текови на лава. Со порамнувањето на минералните кристали во нив откриена е состојбата на магнетното поле на Земјата во времето кога се формирале. Така, пред 416 милиони години, имало слабеење на магнетното поле кое траело до 332 милиони години. Потоа истиот процес се случил пред 120 милиони години. Во текот на претходниот период, кој припаѓа на палеозојскиот, магнетното поле на Земјата имал само една четвртина од сегашната сила, утврдиле научниците.
„Оваа обемна магнетна анализа на течењето на лава во Strathmore и Kinghorn е клучна за пополнување на периодот пред Superchron, период во кој геомагнетните полови се стабилни и не ротираат околу 50 милиони години“, рече Hawkins.
Што ќе се случи со технологијата?

Ако ова е вистина, тогаш наскоро се очекува нова ротација на магнетните полови. Имено, овој циклус се повторува на секои 200 до 300 илјади години. Научниците се загрижени како тоа ќе влијае на целата електронска технологија што ја имаме. Колку повеќе научниците знаат за овие процеси, толку полесно ќе можат да ги предвидат, особено во случај кога тоа ќе создаде проблеми за човештвото.
Така откриле една важна работа. Порано се мислело дека магнетните полови ротираат кога полето е послабо. Сега тоа е потврдено.
„Нашите наоди ја поддржуваат тезата дека слабото магнетно поле е поврзано со пресврти на половите, додека полето е генерално силно за време на суперкрон, што е важно затоа што се покажа речиси невозможно да се собори рекордот на пресврт пред околу 300 милиони години“, заклучи Hawkins.



















