Податоците се јасни | За ПОСЛЕДИЦИТЕ од НУКЛЕАРНА ВОЈНА за која наголемо се зборува

316

Заклучокот е многу едноставен – секој конфликт што вклучува употреба на нуклеарно оружје, меѓу било кои две земји, би имал реални и многу сериозни последици за целиот свет.

Уште од пронаоѓањето на нуклеарното оружје, светот донекаде се плаши што ќе се случи доколку навистина се случи нуклеарна војна. Размерите на уништување по само една нуклеарна бомба беа јасно видливи во Хирошима и Нагасаки, а последиците се чувствуваа со години.

Научниците од Универзитетот Рутгерс направиле симулација за тоа што би се случи ако избие нуклеарен конфликт меѓу, на пример, Индија и Пакистан и како тоа ќе влијае на целиот свет. А она што го добиле како резултат го објавиле во студија во списанието Nature Food во целост ги шокира.

Податоците се јасни – мора да спречиме да се случи нуклеарна војна, забележа климатски научник и еден од авторите на студијата, Алан Робок.

Тој и неговите колеги направиле симулации на шест сценарија, гледајќи ги последиците од различни размери на конфликти и количината на нуклеарното оружје што може да се користи. Заклучокот е многу едноставен – секој конфликт што вклучува употреба на нуклеарно оружје, меѓу било кои две земји, би имал реални и многу сериозни последици за целиот свет.

Имено, за да ги набљудуваат последиците, тие користеле климатски, земјоделски и крајбрежни модели за да го проценат влијанието на нуклеарната прашина (саѓи) што би стигнала до стратосферата. Станува збор за прашина или саѓи кои би дошле во атмосферата поради самата експлозија, но и како последица од палењето на урнатите згради и околината по експлозијата. Научниците во својата симулација покажале дека оваа прашина веројатно ќе допре до сите делови на планетата, а тоа ќе доведе до глобално ладење и колапс на земјоделството.

Симулацијата покажала дека конфликтот меѓу Индија и Пакистан ќе ослободи меѓу пет и 47 милиони тони нуклеарна прашина (Tg) во атмосферата, а ако Русија и САД се судрат, ќе испушти дури 150 милиони тони нуклеарна прашина.

Последиците би биле катастрофални за целиот свет. Во првите неколку години по конфликтот, просечната глобална температура ќе се намали за 15 степени. За споредба, за време на последното ледено доба пред 20.000 години, просечната глобална температура била околу пет степени поладна од денес.

Тие покажале дека веќе повеќе од 5 Tg би довело до огромен недостиг на храна во светот, а прехранбената индустрија нема да може да го компензира недостатокот на прехранбени суровини како житарки или месо. Во зависност од големината и времетраењето на самиот конфликт, посочуваат научниците, производството на храна би се намалило меѓу седум и 90 отсто. Ова би довело до масовно гладување и смрт.

Проценуваме дека повеќе од две милијарди луѓе би загинале доколку дојде до нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан, а повеќе од пет милијарди би можеле да загинат доколку САД и Русија војуваат, нагласуваат научниците во својата студија.

За споредба, според последните проценки на ОН, светот моментално има нешто помалку од осум милијарди луѓе.

Намалениот проток на светлина, глобалното ладење и ограничувањата во глобалната трговија по нуклеарен конфликт би биле глобална катастрофа за линиите за снабдување со прехранбени суровини и производи, истакнуваат на крајот научниците и потсетуваат на изјавата дадена во 1985 година од американскиот претседател Роналд Реган и советскиот генерален секретар Михаил Горбачов, а во 2021 година го повториле американскиот претседател Џо Бајден и рускиот Владимир Путин – „нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не смее да се води“.

Ако постои нуклеарно оружје, тоа може да се користи, а светот неколку пати дошол на работ на нуклеарна војна. Целосната забрана на нуклеарното оружје е единственото долгорочно решение. Повелбата на Обединетите нации за забрана на нуклеарно оружје досега е ратификувана од 66 земји, но не и од деветте земји кои поседуваат нуклеарно оружје. Нашата студија јасно покажува дека е време тие девет земји да ги слушаат научниците и да го следат примерот на другите и да ја потпишат повелбата, нагласи Робок во својата изјава.