Пилинг за нозе од морска сол и нане

1545

Солта и шеќерот се двете состојки од кујната кои имаат исклучително добра акција при чистење на кожата.

Природните пилинзи помагаат да се отстрани горниот слој мртвата кожа и оставаат чувство на нежност, чистота и свежина.

Додека шеќерот се препорачува повеќе за лицето, бидејќи е значително понежно, солта е многу погодна за терапии на најпроблематичните области како пети, лакти и колена.

Токму овие места кои по обилно количество лосиони за тело и креми, продолжуваат да бидат сé уште така суви.

Ви нудиме едноставен и лесен рецепт за домашно приготвен мелем со сол – совршен начин да ги подготвите нозете за летото.

Ќе ви бидат потребни:

  • 1 чаша јодирана сол
  • 1 чаша морска сол
  • 1 чаша сода
  • 15-20 капки масло од нане
  • 1 лажичка масло од зелен чај

Грубите честички на морската сол ќе помогнат за отстранување на мртвиот слој кожа, а паралелно со тоа ќе ги амортизираат проблематичните области. Маслото од зелен чај е по желба, а главната предност во неговата употреба е за антибактериски цели.

Начин на приготвување:

Лесната подготовка на овој рецепт се состои во тоа што не бара никаква термичка обработка или чекање. Единствено што треба да направите е да ги измешате сите состојки во соодветен сад.

Препорачуваме да користите тегла која че ја затворите и добро да протресете. Препорачливо е да го користите пилингот секоја недела, за да постигнете долготрајни резултати, на кои ќе се радувате целото лето.