Петте најчести типови на луѓе кои ќе ги “сретнете” на социјалните мрежи

195

Карактерот на луѓето лесно може да се препознае по начинот на кој тие се однесуваат на социјалните мрежи.

Овде веднаш можете да ги препознаете луѓето полни со оптимизам, светли погледи на светот и оние на кои сè им е црно, па такви се нивните објави – негативни и напорни.

Некои луѓе се однесуваат како да се невидливи, тие се онлајн на, да речеме, Фејсбук, но речиси никогаш не објавуваат ништо. Но, тие секојдневно следат туѓи објави – ништо не пропуштаат.

Има и поединци кои се чини дека се обидуваат да им угодат на сите, па постојано стискаат „лајкови“, за се и сешто.

Доколку личностите на луѓето на социјалните мрежи треба да се класифицираат во пет категории, тоа би изгледало вака:

1. Се прават паметни

Секогаш сакаат да остават впечаток на некој паметен, попаметен од другите – па објавуваат тоа за што мислат дека остава таков впечаток. Очекуваат лајкови, но нема да лајкуваат туѓи објави. Тие се убедени дека поради некоја причина се поважни од другите.

Тие се всушност арогантни и не сфаќаат дека таквото однесување е всушност ограничено. Луѓето со широк начин на размислување знаат дека не се најпаметни и дека секогаш можат да научат нешто ново од другите луѓе.

2. Не знаат за интимност

Тоа е тип на луѓе кои објавуваат сè за себе на социјалните мрежи – секое нивно движење мора да биде објавено на интернет. Тие можат да споделат со сите дури и бизарни фотографии, како на пример седење во тоалет – за да знаат како биле таму.

Тоа се луѓе кои им дозволуваат на другите да го видат секој дел од нивниот живот, само за да имаат повеќе лајкови бидејќи со секој лајк се чувствуваат поприфатено, исполнето и поважно.

3. Бизнисмени

Тоа се професионалци фокусирани исклучиво на нивните производи или услуги. Секако, социјалните мрежи се одлична платформа за проширување на бизнисот, но не треба да се претерува.

На социјалните мрежи луѓето сакаат да дознаат нешто за некого, каков е неговиот живот, како размислува, што го прави среќен итн. За да може некој да ги интересира другите за нивните производи или услуги, прво мора да ги заинтересира за себе како човек.

4. Селфи и само селфи

Овие типови е тешко да не се забележат бидејќи сè се врти околу нив. Ако ѕирнете меѓу нивните фотографии, таму ќе најдете стотици селфи и ништо повеќе од тоа. Човекот тогаш се запрашува: „Значи, дали тој/таа нема други интереси во животот освен да го обожава својот одраз во огледалото?“.

На пример, кога патуваат на некое интересно место, повторно ќе ги видите само нивните селфи фотографии – како да мислат дека повторно тие се најинтересното нешто што може да се фотографира таму.

5. Кавгаџии

Тоа се луѓе кои постојано испуштаат негативна енергија – луѓе кои треба да се избегнуваат. Едноставно би се скарале со некого, би оставале непристојни коментари, би објавувале теми со кои повторно би можеле да ја изразат својата негативност итн.

Имаат силна потреба да им дадат до знаење на сите дека се вознемирени, дека не им е гајле што мислат другите, дека се мизерни поради нешто… Во суштина, речиси секој потег што го прават го расипува расположението на оној што гледа што објавуваат.