Песочните дини на Марс можат да ни помогнат да ја разбереме оваа планета  

839

Во кањоните на Марс, научниците открија поле на цврст песок кој изложен на ветровите се претворил во карпа пред околу милијарда години.

Иако еродирана, оваа древна замрзната рамнина е неверојатно зачувана, далеку подобра од фосилизираните бранови песок на Земјата.

Ако можеме да откриеме како овие дини се формирале и преживеале во текот на толку долг период, ќе дознаеме повеќе за процесите на таложење и геолошката историја на Марс.

Песочните дини денес се честа појава на Марс. Оние дини кои се сметаат за прастари и се наоѓаат во бездната Мелас – се многу слични на оние што се создадени неодамна. Ова сугерира дека климата и атмосферата на Марс се сменија многу малку за многу долг период.

Користејќи фотографии направени како дел од проектот „High Resolution Imaging Science Eksperiment / Научен експеримент за сликање со висока резолуција“ и податоци за топографијата на Марс, истражувачите ги документирале и датираат својствата на дното на бездната Мелас.

Некои дини биле закопани од десетици метри материјал, што е можна последица на силната вулканска ерупција. Набргу по ерупцијата, материјалот стапил во контакт со компактни песочни дини и ги зацврстил.

Сличен процес се одвива на Земјата откако подземните води ќе влезат во делумно закопаната песочна дина. За разлика од Земјата, на дините на Марс влијаат многу помалку влијанија врз животната средина.

Бидејќи нема вода, вегетација и тектонски смени, главната причина за ерозија на Марс се ветровите. Тоа е причината зошто на Марс има многу повеќе од овие песочни дини отколку на Земјата, а тие сè уште се речиси недопрени.