Овие хороскопски двојки се токсични

117

Некои луѓе едноставно не се сложуваат, а овие хороскопски знаци никогаш не се спојуваат, бидејќи ги чека напорна, токсична и многу стресна врска.

Овен и Скорпија

Двајцата тврдоглави, двајцата многу брзо се лутат и двајцата сакаат да бидат доминантни во врската. И едниот и другиот знак зрачат со самодоверба, што во расправија може да се претвори во ароганција и бесчувствителност.

Стрелец и Јарец

Нивните вредности се потполно различни, исто како нивните карактери. Овие два знаци на повеќето работи гледаат потполно различно, поради што расправиите се почести и неизбежни.

Близнаци и Девица

Тие меѓусебно ќе се полудат. Девицата ги смета Близнаците за напорни и детинасти, а Близнаците ја сметаат Девицата за напорна како строг родител.

Бик и Скорпија

Ова е најлошата комбинација помеѓу сите хороскопски знаци. Еден од друг го извлекуваат само најлошото, а во врската после првата заљубена фаза брзо ќе станат луѓе кои еден на друг само си го загорчуваат животот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.