Ова не е дозволено да го правите во Дизниленд

90

Дизниленд е дефинитивно едно од местата во кои соништата стануваат реалност. Но ако одлучите свесно да ги кршите правилата на паркот, патувањето во најпознатиот забавен парк на светот може за вас да стане ноќна мора.

Дизниевите паркови кои се наоѓаат на седум различни светски локации имаат строго пропишани правила кои им помагаат и понатаму да бидат најсреќните места на светот.

На љубителите на „селфи“ сигурно нема да им биде мило кога ќе слушнат дека во Дизниленд се забранети селфи-стаповите.

Дроновите, поголемите колички за бебиња, стаклените чаши и други стаклени предмети, животни, столови на расклопување, алкохол и секако оружје, се наоѓаат на листата забранети работи во Дизниленд. Но тоа не е сè.

Ако овде мислите да држите говори или да пушите на неозначени места, веднаш ќе бидете исфрлени од паркот.